Делови од Кисела Вода, Горно Соње, Сарај и Карпош денеска без струја
Корисниците од населбата Усје, дел од корисниците лоцирани во околината на Агрометал и Партисервиси Лео, како и објектот на Мерцедес Бенз во Усје, општина Кисела Вода денеска од 8:30 па до 15:00 часот ќе бидат без електрична енергија.
Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе останат и корисниците од улицата „12“ во село Горно Соње, од 9:00 до 14:00 часот, трговските објекти пред влез на езеро Треска во село Сарај, а од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата „Невеска“ бр.2 и бр.4 во општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност