Македонија
17. May 2018 - 10:18

Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров утре без струја

Корисниците од село Кондово утре од 8:30 до 10:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Долно Коњари, а од 9:00 до 09:30 часот дел од корисниците покрај улицата „Ангел Динев“ и корисниците од улицата „Кленоец“ бр. 3а во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Никола Русински“ бр.12, влез 1 и 2 во општина Карпош, а од 5:00 до 9:00 часот корисниците покрај булеварот „Борис Трајковски“ на подуличка и крак 22 и од населбата „Усје“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.