Македонија
31. July 2018 - 9:33

Делови од Карпош и Центар утре без струја

Корисниците од објектот спроти лизгалиштето на ВИП Арена – СЦ Борис Трајковски во општина Карпош утре од 14:00 до 15:15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Дебарца“ бр. 46, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Питу Гули“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“ и „Димитар Пандилов“, како и Амбасадата на Република Полска во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.