Македонија
16. February 2016 - 11:21

Делови од Карпош, Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров и Шуто Оризари утре без струја

Од 9 до 10 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Његошева“ во општина Карпош, а од 9 до 14.30 часот корисниците од реонот Гази Баба спроти Јаја Пашината Џамија.

Во периодот од 9 до 16 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „1“ бр. 2А во Трубарево, објектот на Вардар Градба, сточниот пазар, општина Гази Баба, како и корисниците од населба Ергеле. 

Од 9.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лука Геров“ – подулици 2, 4 и 6 во општина Ѓорче Петров, корисниците од улицата „Скупи“ – подулици 3, 5 и 7 во општина Карпош. Од 10 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Виетнамска“, општина Шуто Оризари. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.