Македонија
23. August 2017 - 9:54

Делови од Карпош, Центар и Сарај утре без струја

Од 9 до 13 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од булеварот „Партизански одреди“, подулици бр. 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7, како и околните подулици во општина Карпош. 

Во периодот од 9 до 17 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“, „Маџар Маало“, „Преспанска“ и „Охридска“ во општина Центар.

Од 9.30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Семениште, општина Сарај. 

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.