Македонија
20. February 2017 - 12:19

Делови од Ѓорче Петров и три скопски села утре без струја

Дел од корисниците од село Сарај, лоцирани  на подулица „10“, утре од 9 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 14 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Рашче, кај долна џамија, од 10:30 до 12 часот, дел од корисниците од улицата „Лука Геров“ на потегот од број 10 до број 52 во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 9:15 часот, дел од корисниците од село Бардовци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани активности во дистрибутивниот систем од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.