Македонија
31. January 2016 - 15:54

Делови од Центар, Сопиште и Гази Баба утре без струја

Од 8.30 до 15 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „8 Март“, „Наум Наумовски“, „Ристо Шишков“ и „Пајак“ во општина Центар.

Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани во делот од Теферич до општина Сопиште, а од 9 до 14.30 часот корисниците од реонот Гази Баба. 

Од 10 до 14 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Даме Груев“ бр.14, „Интекс“ во општина Центар.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради зафати во електросистемот