Македонија
18. May 2016 - 10:21

Делови од Центар, Карпош, Сарај и Шуто Оризари утре без струја

Од 8 до 13 часот утре без струја ќе останат корисниците од објектите во околината на крстосницата меѓу улицата „Френклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“ во општина Центар.

Во периодот од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Горни Крушопек, Горно Нерези, Средно Водно и врв Водно во општина Карпош, а 9 до 15 часот корисниците од Горна Матка, општина Сарај.

Корисниците од селото Долна Арнакија, општина Сарај ќе бидат без струја од 9:30 до 15 часот, а од 10 до 15 часот објектот на бензинската пумпа на „Макпетрол“ и салонот за автомобили „Хонда“, лоцирани на булеварот „Илинден“ во општина Карпош.

Од 10:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Виничка“, „Дринска“, „Вашингтонска“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.

РЦУК на Град Скопје информира дека граѓаните ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во електромрежата.