Македонија
7. April 2016 - 11:31

Делови од Центар, Карпош, Сарај, Арачиново и Шуто Оризари утре без струја

Од 10 до 11 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од скопското село Арачиново, а од 9:30 до 15 часот дел од корисниците од село Буковиќ, општина Сарај.

Во временскиот период од 9 до 11 часот без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Даме Груев“ бр.5, блок 7, влез 3 во општина Центар.

Од 13 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Софиска“, општина Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од улиците „Нов живот“, „Виничка“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.