Делови од Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром утре без струја
Корисниците од улицата „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ во општина Центар, утре од 8:30 до 9:30 часот ќе останат без електрична енергија.
Од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од населбата Стопански Двор, а од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр. 17 и 19 и корисниците од улицата „Прашка“ бр. 19.
Во временскиот период од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Свети Климент Охридски“, поточно делот околу „Железарец“.
Од 10 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „1“ и „7“ во село Долно Лисиче, а од 10 до 16 часот дел од корисниците од улицата „Гаврил Лесновски“.
Дел од корисниците од улицата „Благоја Давков“ во општина Центар ќе бидат без струја од 12:30 до 15 часот.
Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина