Македонија
9. November 2017 - 12:45

Делови од Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Кисела Вода утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Андон Дуков“, „Титовоужичка“, „Рузвелтова“ и „Орце Николов“, како и дел од булеварот „Илинден“ во општина Центар утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица „Шидска“ во општина Ѓорче Петров, од 8 до 14:30 часот корисниците од село Љубин, а од 8:25 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Скоевска“ и „Петко Јанчевски“, Водовод Радишани, како и корисниците околу„ Гиго Трејд“ во општина Бутел.

Од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Славејко Арсов“ и „Тодор Александров“ во општина Центар, од 8:20 до 15 часот дел од корисниците од улиците „1558“, „Ѓоре Ѓоревски“, „АФЖ“, „Скоевска“, „Боро Кралевски„ и „Радишанска“ во општина Бутел, а од 9 до 13 часот и корисниците од улиците „Георги Димитров“ и  „Михаил и Ефтихиј“ и околкината  во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.