Делови од Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Кисела Вода утре без струја
Дел од корисниците од улиците „Андон Дуков“, „Титовоужичка“, „Рузвелтова“ и „Орце Николов“, како и дел од булеварот „Илинден“ во општина Центар утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 8:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица „Шидска“ во општина Ѓорче Петров, од 8 до 14:30 часот корисниците од село Љубин, а од 8:25 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Скоевска“ и „Петко Јанчевски“, Водовод Радишани, како и корисниците околу„ Гиго Трејд“ во општина Бутел.
Од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Славејко Арсов“ и „Тодор Александров“ во општина Центар, од 8:20 до 15 часот дел од корисниците од улиците „1558“, „Ѓоре Ѓоревски“, „АФЖ“, „Скоевска“, „Боро Кралевски„ и „Радишанска“ во општина Бутел, а од 9 до 13 часот и корисниците од улиците „Георги Димитров“ и „Михаил и Ефтихиј“ и околкината во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани