Делови од Центар, Аеродром и неколку скопски села утре без струја
Дел од корисниците од булеварот „Кочо Рацин“, поточно објектите од блок 9 од Градски ѕид во општина Центар, утре од 8:30 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „АСНОМ“ во општина Аеродром, од 8:30 до 15 часот дел од корисниците од село Бардовци во близина на училиштето, а од 9:30 до 15 часот дел од корисниците од село Кондово.
Од 9 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе се и корисниците од село Кожле, од 10 до 12 часот корисниците од селата Долно Соње, Чифлик, Барово, Света Петка и Говрлево, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна „Мито Хаџи Василев Јасмин“) кај ОУ „Гоце Делчев“ во општина Центар.
Како што информира регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите