Македонија
28. February 2019 - 10:07

Делови од Бутел и Кисела Вода утре без струја

Дел од корисниците од патот за Радишани, Бутел, Љуботенски Пат, Смиљковци, Страчинци, Виниче, Булачани, Раштак и Црешево во општина Бутел, како и корисниците од делови од улиците „Саса“ и „Јабланица“ и објектите на влезот од населба Пинтија во општина Кисела Вода и од улиците „Ваташа“ и „Румена Хаџипанзова“ во населба Драчево утре ќе останат без електрична енергија, информираат од РЦУК.
 
Како што информираат оттаму, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат, во периодот од 11:55 до 15:00 часот корисниците од патот за Радишани, Радишани, Бутел, Љуботенски Пат, Смиљковци, Страчинци, Виниче, Булачани, Раштак и Црешево. во општина Бутел, во периодот од 8:30 до 11:00 часот корисниците од делови од улиците „Саса“ и „Јабланица“ и објектите на влезот од населба Пинтија кај семафорите во општина Кисела Вода и во периодот од 11:30 до 15:00 часот корисниците од делови од улиците „Ваташа“ и „Румена Хаџипанзова“ во населба Драчево, се наведува во соопштението.