Македонија
31. July 2017 - 8:28

Делови од Бутел, Чаир и Шуто Оризари без струја

Поради технички зафати во електромрежата денеска без струја ќе останат делови од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по добиено известување од  ЕВН Македонија. 

Од 6.30 до 15.30 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од населбата Љуботенски Пат во општина Бутел, од 8.30 до 15 часот - корисниците од дел од улиците „Пелагонија“ и „Брсјачка буна“ во општина Шуто Оризари и од 9 до 12.30 часот дуќаните на ул. „Самарџиска“ во Скопската чаршија во општина Чаир.