Македонија
16. August 2016 - 12:03

Делови од Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Од 8.30 до 16.30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „23 Октомври“ бр.36 и 54 и „Милан Зечар“ бр.4 во општина Аеродром.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Кочо Рацин“ бр.22 и 24 и корисниците од улицата „Мирче Ацев“ бр.14/59 во општина Центар.

Од 10 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Фјодор Достоевски“ од бр.38 до бр.68 во општина Карпош, а од 12 до 13 часот жителите лоцирани на подулица бр.51 во населба Стопански Двор во општина Ѓорче Петров. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.