Бизнис
10. April 2019 - 16:36

Деликатен момент за светската економија - ќе се одрази ли и на домашната?

Деликатен момент за светската економија. ММФ прогнозира дека посебно тешка ќе биде првата половина од оваа година. Домашните експерти пак велат дека глобалните ризици, а посебно кризатата во германската автомобилска индустрија ќе има негативно влијание на македонската економија. Според последниот извештај на ММФ, растот во ЕУ годинава ќе биде најнизок во последните 6 години, а токму таму се најголемите макеоднски трговски партнери.

Деликатен момент за светската економија. ММФ во најновиот извештај ги намали проекциите за глобалниот раст од од 3.6 на 3,3%. Забавен раст ќе има во сите делови под светот, трендот ќе биде особен забележлив во правата половина од оваа година.

Ваквите глобални движења не можат да ја одминат земјава чија економија е особено поврзана со глобалните текови, коментираат експертите. Особено се загрижувачки вестите за забавувањето на автомобилскиот сектор во Германија затоа што оваа земја е нашиот најголем трговски партнер. 

Сите овие ризици придонесоа ММФ да ја намали проекцијата за раст на македонската економија втор пат по ред. За годинава изнесува 3%, а 3,5% треба да бидат постигнати дури за четири години. Од Владата велат дека ги следат и надворешните, но и домашните ризици заради претстојните избори. Ќе работат ова да биде економска годинина и да биде намдинат прокетираниот раст од 3,2%.

Македонската економија забрза во последниот квартал од минатата година. Во денешниот извештај на Народна банка пишува дека во јануари и февруари трендот продолжил, но трговските тензии во светот, брекзит, а особено кризатата во германскиот индустриски сектор претставуваат ризик за макеоднската економија годинава.