Живот
3. јуни 2020 - 10:26

Делфини го разубавија брегот на Халкидики

Во Грција уживал и морскиот свет во периодот пред да се отворат плажите – камерите уловиле делфини како уживаат на брегот на Халкидики.

Делфините се едни од најубавите животни и сите уживаат во глетката додека тие си играат, скокат и се превртуваат во водата. 

Овие прекрасни суштества во периодот додека плажите во Грција не беа отворени стигнале дури и до самата плажа во некој дел од Халкидики.

На социјалните мрежи вирално се шири видео од делфини кои уживаат на брегот на плажа на Халкидики.