Делегација на Собранието на Република Северна Македонија на студиска посета во Република Србија и Кралството Шкотска
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија е на студиска посета во Белград, Република Србија и Единбург, Кралството Шкотска.
Собраниската делегација ја соочинуваат претседателот Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска и генералнaта секретарка Цветанка Иванова.
Како што соопштува собраниската прес-служба, посетата е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија, чија цел е запознавање со начинот на функционирање на буџетските канцеларии и нивната улога во зајакнувањето на надзорната функција на Собранието.
За време на посетата на Парламентот на Република Србија, наведуваат од собраниската прес-служба, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, нејзината улога и надлежности, начинот на кој се подготвуваат анализите на буџетот и другите финансиски документи и нивното значење за пратениците. Беа остварени средби со претседателот и членовите на Комисијата за финансии, државен буџет и контрола на јавното трошење и со пратеници кои почесто ги користат анализите на буџетската канцеларија.
Додека во текот на посетата на Парламентот на Кралството Шкотска во Единбург, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, процесот на изработка на буџетот на Парламентот, улогата на внатрешната ревизија, улогата и надлежностите на Комисијата за финансирање и буџет, улогата и надлежностите на Комисијата за јавни сметки и улогата на Заводот за ревизија на Кралството Шкотска.
Со Стратешкиот план на Собранието за периодот 2019 – 2021 година е планирано покрај законодавната, да се зајакне и надзорната функција на Собранието, во насока на поголема контрола на трошењето на јавните средства и зајакнување на надзорот над работата на извршната власт.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи