-->
-->
Делегација на АРМ ги посети воените образовни институции во Обединетото Кралство
-->
Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски, во рамки на посетата на Армијата на Обединетото Кралство, во изминатите денови ги посети престижните воено образовни институции на Вооружените сили на Обединетото Кралство: Кралската воена академија, Сандхурст (РМАС) и Одбранбената академија во Шривенам (ДА).
Како што соопшти АРМ, придонесот кој го овозможуваат овие воени образовни институции во воената обука и едукацијата на припадници од АРМ беа главните теми на разговор за време на средбите со командантот на РМАС, генерал мајор Пол Нансон и со командантот на Командно Штабниот Колеџ при ДА, генерал мајор Џулиан Фреј.
Генералот Величковски во духот на продлабочување на соработката достави предлог за размена на искуствата од областа на воената доктрина и планирање преку учество на кадри и слушатели од овие високошколски установи во активностите организирани од Воената Академија Генерал Михајло Апостолски, како што е летниот кампус, но и разгледување на можноста за размена на професори.
Во текот на вчерашниот ден во Камберли, делегацијата присуствуваше на „Парада на сувереноста“- единствена свечена церемонија од овој вид која се одржува по повод завршеток на школувањето на кадетите од Кралската воена академија и нивна промоција во офицерски чинови, меѓу кои е и еден припадник од АРМ кој го заврши школувањето.
Во досегашниот период десетина припадници на АРМ континуирано се упатуваат и со успех ги имаат завршено школувањата и последипломски студии во различни воени области на високите школи во Обединетото Кралство, како Кралскиот колеџ во Лондон, Командно-штабниот Колеџ во Шривенхам, Универзитетот Кранфилд во Шривенхам, Кралската воена Академија – Сандхурст и Академијата на Кралското воено воздухопловство во Кранвел.
- Неколкудневната официјална посета на делегацијата од АРМ е особено значајна за меѓусебната соработка помеѓу АРМ и Армијата на Обединетото Кралство, не само поради првпат остварената средба на ниво на началници на генералштабови на двете армии, туку и за зајакнување на поддршката од оваа партнерска Армија за интеграција на Република Македонија во северно атлантското семејство, оценува АРМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
-
Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп
-
Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник, дел од опозицијата ги поддржа овие измени
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје