Македонија
21. February 2016 - 12:06

Делчево одбележува 72 години од Февруарскиот поход

Во соработка со планинарски друштва и спортски рекреативни клубови, Општина Делчево денеска го организира планинарскиот марш „Голак 2016” по повод годишнината од Февруарскиот поход, настан од 1944 година од македонската револуционерна борба за ослободување од фашизмот.
 
Маршот почна утрово околу 8 часот, а учесниците ја поминуваат маршрутата од Делчево, Стар Расадник, Манастириски комплекс „Св Балаклија, Долни Балван, Горни Балван, детско одморалиште на Голак, каде пред спомен-плочата посветена на овој историски настан ќе се поклонат претставници на Општина Делчево, здруженија на граѓани и политички партии.
 
Патеката е долга 24 километри (во двата правца), средно тешка, на надморска височина од 640 метри до 1536 метри.