Македонија
23. August 2020 - 16:28

Делчево и Берово повторно на листата на градови со нови случаи на Ковид-19

Делчево и Берово повторно се најдоа на листата на градови каде денеска е регистриран пораст на позитивните случаи со Ковид-19. Делчево предничи со пет нови случаи, за кои информациите кои ги добивме од делчевскиот здравствен дом, говорат дека се работи за млади лица на возраст под 30 години.

-Едното лице само е помладо од 35 години, останатите се на возраст под 30 години. За среќа сите се асимптоматски случаи без никакви проблеми по нивното здравје, информираа од делчевскиот здравствен дом.

Во однос на тестирањата, оттаму додадоа дека тие продолжуваат и понатаму при што резултатите од тестовите ќе бидат соопштени во текот на наредните денови.

Во Берово по вкупно 17 случаи со Ковид-19 за неполни три дена денеска ситуацијата е малку помирна. Во оваа општина регистрирани се два нови случаи на позитивни на коронавирус. Македонска Каменица и Пехчево денеска не се најдоа на листата на градови каде има позитивни од Ковид-19.