Loading Video...
Тенис
10. July 2018 - 16:32

Дел Потро последен патник во четвртфиналето на Вимблдон

Хуан Мартин Дел Потро е последниот патник во четвртфиналето на Вимблдон во машка конкуренција.
 
Аргентинецот кој ја има улогата на 5-ти носител во тежок меч кој траеше 4 часа 24 минути го победи Французинот, Жил симон Франција со 3:1 по сетови 7-6, 7-6, 5-7 и 7-6 
 
За место во полуфиналето, Дел Потро ќе се бори против вториот носител Рафаел Надал од Шпанија.
 
Преостанатите четвртфинални двојки ги сочинуваат:
(1) Рожер Федерер,Швајцарија и (8) Кеви Андерсон, Јужна Африка, 
(13) Милош Ранониќ, Канада – (9) Џон Иснер, САД
(12) Новак Ѓоковиќ, Србија – (24) Кеи Нишикори, Јапонија