Македонија
14. November 2019 - 8:25

Дел од здружението на протест поради несогласувањата со националниот сојуз на глуви и наглуви

Глувонемите лица добивале закани да не протестираат пред Министерството за труд и социјална политика. Дел од нив не земале плата 10 месеци, а  од Националниот сојуз за глуви и наглуви им се заканувале дека ќе им го укинат и месечниот надоместок од 4 000 денари. За заканите не пријавиле во полиција, бидејќи немале ниту толкувачи. А оние кои имаат, сами си ги плаќаат. Бараат , наместо Сојузот, платите дирекно да им ги исплаќа МТСП.

Од Сојузот ги отфрлија ваквите обвинувања. Велат дека се грижат за овие лица, освен за членовите на здружението Тишина кои се исклучени од сојузот, поради недомаќинско трошење пари на нивниот претставник, додека бил претседател на Сојузот, цели 8 години.

Претставници на Сојузот, министерството и здруженијата треба да се сретнат во вторник. На денешниот протест имаше членови од 7 здруженија, од вкупно 17 во Македониј