Македонија
30. September 2022 - 12:11

Дел од возилата на ЈСП во недела ќе се обраќаат со изменет режим поради „Виз Ер Скопски маратон“

Во недела (2 октомври), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б. Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57, информираат од ЈСП Скопје.