Македонија
29. August 2018 - 17:55

Дел од Тафталиџе утре без вода

 ЈП Водовод и канализација, соопшти дека дел од домовите во населба Тафталиџе, како и фабриката „Реплек фарм“, утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето. 

Поради водоводен приклучок ф-300мм на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ -114, без вода ќе останат корисниците од улицата, како и фабриката „Реплек фарм“, се до завршувањето на работата.