Македонија
20. јуни 2021 - 20:02

Дел од село Драчево утре без струја

Корисниците од дел од улицата „Јустинијан Први“ во село Драчево, делот од основното училиште кон село Студеничани, утре од 9:00 до 14:00 часот нема да има струја.

Причина за прекинот, како што соопшти РЦУК, се технички зафати во дистрибутивната електромрежа.