Дел од пациентите спасени од пожарот во Тетово пуштени дома
Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница во Тетово како оздравени од Ковид-19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓааат во своите домови, информираат од Ковид центарот при Клиничката болница. За 24 часа починала една пациентка со Ковид-19, родена 1963 година хоспитализирана во интернистичиот блок на Ковид центарот.
-Седум пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница се пуштени дома, додека другите се се уште се хоспитализирани. Ковид центрот кај нас има доволен персонал за здравствена заштита, изјави денес д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.
Новопримени на болничко лекување се тројца пациенти. Во моментот има 40 хоспитализирани пациенти, а за 24 часа имало 81 прегледи во амбулантата.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје