Македонија
20. January 2020 - 15:42

Дел од Општина Карпош утре без вода

Корисниците од улицата „Никола Тесла“ во Општина Карпош утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на улица „Никола Тесла“ бб.

Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со поврзувањето на новата водоводна мрежа.