Македонија
20. January 2021 - 9:21

Дел од Општина Карпош денеска без вода

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците на улицата „Московска“, згради број 5, 7, 9, 11 и пазарот во Тафталиџе.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Лондонска“ без број. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.