Македонија
19. May 2016 - 15:53

Дел од општина Центар утре без вода

Дел од корисниците лоцирани на улица „Македонија“ утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира РЦУК–Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Македонија“ без број, спроти „Шпаркасе банка“ во населба Центар. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.