Македонија
17. May 2016 - 10:38

Дел од Ново Маало утре без вода

Дел од корисниците од Ново Маало утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување дефект на затварач со пречник од 200 милиметри на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ бб, кај „Веро Џамбо“.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ не ги завршат на работите.