Македонија
12. August 2015 - 17:13

Дел од населбата Радишани утре без вода

Корисниците од населбата Радишани утре од 9 часот ќе останат без вода. 

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекинот е поради замена на шибер со профил од 250 милиметри во резервоарот Радишани. Жителите ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.