Македонија
17. April 2016 - 19:26

Дел од корисниците на бул. „Митрополит Гологанов“ утре без вода

Дел од корисниците на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Центар, од Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ до  Католичката црква, утре од 8 до 15:30 часот ќе немаат вода.

Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација информира дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради промена на затворач од Ф-80 мм на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.