Македонија
19. February 2019 - 8:54

Дел од Кичево денеска без вода за пиење

Градското подрачје на општина Кичево, денеска во период од 08.00 часот до 14 часот ќе биде без вода за пиење.
 
Прекинот ќе биде поради поврзување на нова водоводна линија велат од Ј.П.” Комуналец, при тоа прекини за снабдување за вода за пиење ќе имаат улиците “11Септември” од кружниот тек па се до раскесницата на улицата “Борис Кидрич”, како и улицата “4-ти Јули”.
 
Во ова прилика ЈП”Комуналец”, ги моли граѓаните на овој дел од Кичево за разбирање.