Македонија
12. December 2018 - 15:41

Дел од Капиштец утре без вода

 Дел од корисниците од улиците „ Козара“, „Бел камен“ и „Шарски одреди“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улица „Козара бб“ во Капиштец.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не  завршат со работата.