Македонија
15. November 2015 - 8:48

Дел од Аеродром и три скопски села утре без струја

Потрошувачите од улицата „Лисец“ во општина Аеродром утре од 8:30 до 16 часот ќе останат без напојување со елелктрична енергија.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од потрошувачите од селата Долно Свиларе, Рашче и Копаница.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е  изведувањето технички зафати во електро - системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.