Македонија
18. September 2019 - 16:43

Дел невакцинирани деца одат на училиште, дел не

Родителите на невакцининраните деца збуните. Дел од директорите, не ги примаат, дел ги примаат овие деца во Основните училишта. Од здружението „Од нас за нас“ велат дека се уште се чека одлука од Министерството за образование дали здравите невакцинирани деца треба да одат на настава. Обвинуваат дека е настанат хаос бидејќи нема писмен допис, туку се се сведува на усни наредби. Ги збунува и тоа што во некои училишта се бара потврда само за примена МРП вакцина, а во дел потврда за сите редовни вакцини.

-Не е работа на училиштето да кажува дали детето ги има примено вакцините или не. Негова должност е да ги прими документите и да го запише во училиште и да му овозможи настави. Ова е најгрубата дискриминација што ја изврши оваа држава врз најмалите, најмилите и најневините... дечињата, вели Гордана Гоџо од Здружението „Од нас за нас“.

Од Образование без конкретен одговор дали некои училишта примаат невакцинирани деца.

-Основните училишта ги примаат документите за упис на првачиња, но се запишуваат само тие со потврда дека ги примиле задолжителните вакцини. Имунизацијата како услов за упис во училиштетот е всушност одредба која постоеше во стариот и сега во новоусвоениот Закон за основно образование, велат од МОН.

Од здружението, пак, велат дека ваква одредба ниту имало во стариот, ниту има во новиот Закон.  Обвинуваат дека вакцинацијата е присилна, што ги одвраќа родителите да ги вакцинираат своите деца. Според нив, се злоупотребува Уставот бидејќи бесплатното основно образование е загарантирано за секое дете.

-Зошто едно здраво дете кое можеби има прележано мали сипаници, има такви случаи, му се наложува да ја прими МРП вакцината? Дали имаме епидемија на рубеола и зашки? Немаме. Дури има и дечиња кои сите три ги имаат прележано, пак им се наложува да се прими таа вакцина, вели Гоџо.

Поради големиот број на заболени од мали сипаници годинава беше прогласена епидемија на територијата на цела Македонија.