Македонија
19. May 2019 - 16:56

Дел институции во Штип ќе штедат електрична енергија

Штипската филтер станица, зградата на територијалната противпожарна единица и ОУ „Ванчо Прќе“ со дел од електрична енергија ќе се снабдуваат преку фотоволтаични панели. Станува збор за инвестиција од 40 000 евра грант средства од Европската комисија. Проект имплементиран преку Министерството за финансии.

Се работи за фотоволтаици кои што ќе прават заштеди на електрична енергија на годишно ниво од 420 000 денари за сите овие 3 објекти-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Заштедените средства ќе им бидат на располагање за инвестирање во подобрување на условите за работа. Притипожарната единица е веќе приклучена на системот.

Овој месец сме вклучени и ја чекаме сметката за електрична енергија и ќе ја видиме разликата. Тие средства ќе ги употребиме за опрема на пожарникарите, односно, на ПП единицата- изјави .Тони Атанасов, командир на ТППЕ - Штип.

Трите фотоволтаични станици ќе произведуваат 75 000 киловат часови електрична енергија на годишно ниво.