Македонија
12. May 2017 - 16:28

Декларација со која ќе се гарантира унитарноста на државата е опцијата со која СДСМ очекува да го обезбеди мандатот

Декларација со која ќе се гарантира унитарноста на држава е опцијата со која СДСМ очекува да го обезбеди мандатот од Претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Лидерот на СДСМ, ЗОран Заев денеска посочи дека неговиот кабинет е во комуникација со кабинетот на Иванов со цел да се усогласи текстот на декларацијата што ќе треба да биде потпишана.

Заев е уверен дека Иванов ќе остане на своите ветувања дека ако се обезбди гаранција за унитарноста дека потоа ќе следи и доделување на мандатот за состав на новата влада.

Од кабинетот на Иванов засега нема нови информации за состојбата.

Инаку Заев денеска најави дека најверојатно ќе има одлагање на локалните избори, посочувајчи ги термините окотомври, ноември или можеби следната година во март, но за тоа вели ќе мора да има усогласен став на политичките партии.

Заев е уверен дека ако го добие мандатот од Иванов нема д аму требаат 20 дена за состав на новата влада.