Тенис
27. November 2016 - 23:15

Дејвис куп: Трофејот за Аргентина

Селекцијата на Аргентина после голем пресврт успеда да ја совлада Хрватска со 3-2 во финалето во Загреб и да ја освои титулата во Дејвис купот. 

„Гаучосите“ влегоа под голем притисок во завршниот ден бидејќи домаќинот водеше со 2-1 а во дербито Чилиќ поведе со 2-0 против Дел Потро. Сепак Аргентинецот имаше сили за пресврт а решавачкиот поен го обезбеди Делбонис кој со 3-0 го „разби“ Иво Карловиќ. 
Финалето се одигра во извонредна атмосфера  а Аргентина по 5 порази во серија во финалите мечеви ја освои првата титула во Дејвис купот. 
Гостин во Загреб беше и Диего Марадона кој на подарок го доби рекетот од Дел Потро. 
Хрватска останува на единствената титула во 2005г.