Тенис
28. November 2015 - 10:03

Дејвис куп: Мареј донесе израмнување во финалето

Со победата на Енди Мареј во вториот меч од финалето на Дејвис купот што се игра во Гент Велика Британија го изедначи резултатот на 1:1. Мареј го совлада Бемелманс со 3-0 (6:3; 6:2; 7:5). Во првиот меч од вчерашаната програма белгискиот прв „рекет“ Гофин со пресврт дојде до победата над Едмунд - 3-2 во сетови. Едмунд ги доби првите два со 6:3 и 6:1, а потоа освои само три гема 6:2; 6:1 и 6:0 за Гофин.

Денеска се игра мечот во двојки а за Белгија пријавени се Копејанс и Дарцис, додека за Велика Британија ќе играат браќата Мареј.
Утре на програмата се сингл мечевите: Гофин - Мареј и Бемелманс - Едмунд.