Тенис
5. April 2018 - 14:52

Дејвис куп: Македонија ја декласира Албанија утре ривал домаќинот

Тениската дејвис куп репрезентација на Македонија ја постигна и втората победа во Пловдив во рамките на Третата Европска зона. Македонските тенисери денеска славеа максимална победа од 3-0 против Албанија.

Во првиот меч Горазд Србљак со 6:0 и 6:0 во гемови го совлада Арбер Сулстарова, додека Димитар Грабул го победи Мари Зили со 6:3 и 6:0. Во игра на двојки Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски ги совладаа Елби Мјештри и Генајд Шипеа со 6.2 и 6:2 во гемови.
Во вториот меч денеска од група А домаќинот Бугарија го совлада Исланд со 3-0.
Утре во меч за првото место во групата Македонија ќе игра против Бугарија.
Победникот од овој меч ќе игра со победникот од мечот од групата Б меѓу Монако и Кипар.