Тенис
25. February 2016 - 9:30

Дејвис куп: Јотовски и Грабул ја предводат Македонија во Естонија

Македонската тениска репрезентација оваа година нешто порано од вообичаеното ќе ги одигра мечевите од Третата зона од Дејвис купот.  Натпреварите на кои се пријавени 16 репрезентации ќе се играат во Талин, Естонија од 2-5.март во сала и на тврда подолога.

Македонија во Талин ќе настапи со тројца тенисери. Пријавени се: Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак.
 
Покрај Македонија на во Талин ќе играат уште: Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Кипар, Естонија, Грција, Исланд, Република Ирска, Косово, Лихтенштајн, Малта, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.
Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи по четири селекции, а само победниците ќе играат во полуфиналето.
Пласман во Втората зона на Дејвис купот ќе изборат двете селекции, кои ќе победат во полуфиналните дуели.
Инаку, лани полуфиналисти беа: Кипар и Естонија, а повратници во оваа зона се: Република Ирска и Молдавија.