Тенис
26. November 2016 - 18:27

Дејвис куп: Хрватска поведе со 2:1 против Аргентина

Тениската репрезентација на Хрватска поведе со 2:1 во финалето на Дејвис купот против Аргентина откако денешниот меч во игра на двојки успеа да го добие со 3-0 во сетови. Хрватската комбинација Марин Чилиќ и Иван Додиг ги победија Хуан Мартин Дел Потро и Леандро Маер.
Првите два сета хрватските тенисери ги добија во тај брек: првиот со 7:2 на поени, вториот со 7:4. Во третиот сет беше 6:3 во гемови за Хрватска.
Утре се играат решавачките мечеви во поединечна конкуренција. Први на теренот ќе бидат Чилиќ против Дел Потро, а ако биде потребно ќе се игра има мечот Иво Карловиќ – Федерико Делбонис. На Хрватска и е потребна една победа за триумф, додека за Аргентина да го освои Дејвис купот мора да ги добие двата меча.