Тенис
4. March 2016 - 17:18

Дејвис куп: Грабул донесе водство за Македонија

Тениската репрезентација на Македонија поведе со 1-0 против Ирска во решавачкиот меч за првото место во групата Б од Третата Европска зона од Дејвис купот. Првиот поен за нашата репрезентација го донесе Димитар Грабул, кој го совлада Бјорн Томсон со 2:1 во сетови. 

Првиот сет му припадна на Томсон со 6:3 во гемови. Во вториот сет нашиот тенисер го подобри сервисот и по водството на ривалот од 2:0 успеа да го добие сетот со 6:3 откако напарви серија од 6-1.
Во решавачкиот сет Грабул на почетокот напарви брејк и го задржа до крајот и сетот го доби со 6:3.
Во вториот меч ќе играат најдобрите играчи на Македонија и Ирска, Томислав Јотовски и Сем Бери. Потоа следува и мечот во двојки.
Победникот од дуелот утре во полуфиналето ќе игра против Кипар за пласман еден ранг повисоко во ДК.