Кошарка
23. April 2021 - 9:48

Дејвис го одигра првиот натпревар по повредата во февруари

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, се врати на теренот по 30 пропуштени натпревари поради повреда. Тој рано во поразот на Лејкерс од Далас маверикс (110:115) одигра 17 минути.

Дејвис, кој беше во почетната петорка постигна четири поени, четири скока, една асистенција, една украдена топка и една блокада, со удар во поле 2 од 10.

Дејвис за кого се очекува со Леброн Џејмс да бидат главните адути на Лејкерс за одбрана на титулата во НБА-лигата, немаше играно од 15 февруари.