-->
-->
Дејвис: Будуќност ќе игра без притисок, тоа е опасно за нас
-->
Двојната програма на натпревари од Лигата на шампионите во ракомет во Скопје викендот ќе ја надополнат и ракометарките на ЖРК Вардар. Тие во рамките на дуелот од 8.коло од главната фаза је пречекуваат екипата на Будуќност, традиционално незгоден ривал. На првиот дуел на ови два тима одигран во Подгорица, ЖРК Вардар оствари победа од 31:28.
На денешната прес конференција Андреа Кликовац изјави:
- Работиме напорно овие денови со цел максимално подготвени да влеземе во натпреварот и да постигнеме победа. Будуќност секако дека ќе сака да ни се реваншира за поразот на нивни терен, но ние знаеме како да им се спортивставиме пред се на нивната бековска линија.
Тренерот на „вардарки“ Давид Дејвис најавува неизвесен натпревар:
- Тренираме добро изминативе денови. Мислам дека ќе биде тежок натпревар. Тие ќе играат без притисок, а тоа ќе биде опасно за нас.
Претседателот на клубот Гордана Нацева потенцираше дека екипата е во добра форма и очекува серијата победи да продолжи, а за исходот на дуелот најважен ќе биде пристапот на ракометарките на ЖРК Вардар.
Поради повреда кај ЖРК Вардар надвор од тимот е Андреа Човиќ и се очекува таа да отсуствува околу два месеца. Во клубот прават напор на најзино место да биде ангажирана Марија Петровиќ, која доколку потпише договор право на настап ќе има дури во четвртфиналето.
Натпреварот ЖРК Вардар – Будуќност се игра во недела со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина