Loading Video...
Тенис
4. April 2018 - 17:29

Дејвид куп: Победа против Исланд од 2-1

 

Добар старт на македонската тениска репрезентација во Дејвис купот. на турнирот во Бугарија Совладана е селекцијата на Исланд со 2-1 откако лесно и убедливо нашите репрезентативци Димитар Грабул и Горазд Србљак  ги совладаа своите ривали Сигурдсон и Гунарсон со по 2-0 во сетови во сингл мечевите.

Србљак го декласира Сигурдсон со 6:0 и 6:2, додека искусниот Грабул  имаше  лесен триумф од 6:2, 6:3 против  Гунарсон.

Јанкуловски и Мицов загубија со 4:6, 6:7 од тандемот Магнусон и Сигурдсон, но во Дејвис купот се бројат победите на репрезентациите, па Македонија со два бода го чека утрешниот меч со Албанија, која беше поразсена од дома

инот Бугарија со 0:3.