Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик | Сител Телевизија
Џет-Сет
20. April 2018 - 23:55

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да открие еден од своите трикови пред Суд во Лас Вегас, откако учесник во трикот покрена тужба поради повреда.

Гавин Кокс, 58-годишен британски турист, го тужи магионичарот поради немарност, откако паднал и се повредил за време на трикот „Laki #13“ (среќен број 13) во Лас Вегас.

Иако адвокатите тврдеа дека Коперфилд со откривање на тајната би претрпел финансиска штета, сепак судијата инсистираше да добие одговор.

Илузионистот, кој претходно без никакви проблеми го извел трикот над илјада пати, прави 13 случајно избарни гледачи да „исчезнат“, откако ќе ги прекрие со завеса, а потоа се појавуваат во задниот дел од салата.

Пред судот беше откриено дека гледачите по покривањето со завесата преку тајни ходници ја напуштаат сцената и потоа се враќаат низ задната врата.

- Доколку сум направил нешто погрешно, тогаш би бил виновен, нагласи Коперфилд пред Судот.

Британскиот турист Кокс, кој при трикот го повредил рамото, тврди дека страда од хронични болки, како и дека на лекување потрошил над 400 илјади долари.